Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денес повика на итен прекин на огнот на Блискиот Исток и прекин на непријателствата од сите страни.
„На работ сме на поширока војна што би го зафатила целиот Блиски Исток со драматични последици низ целиот свет“, рече Гутереш, според Би-Би-Си.
Тој ги наведе зголемените трошоци како пример, велејќи дека луѓето веќе страдаат од растечките цени на енергијата и храната.
„Кога Ормутскиот теснец е „задушен“, најсиромашните и најранливите во светот не можат да дишат“, рече шефот на Светската организација. Гутереш повика на мирно решавање на споровите и додаде дека цивилната инфраструктура, вклучително и нуклеарните инсталации, треба да се почитуваат и заштитуваат.
