Гутереш повика на помирување меѓу различните заедници во Ирак

Од:

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска изјави дека по ослобдувањето на вториот по големина ирачки град Мосул од борците на Исламската држава (ИД), треба да започне процес на помирување меѓу различните верски и етнички заедници во Ирак.

– Ирачките лидери треба да изградат држава во која сите заедници ќе се почитуваат меѓусебе, бидејќи помирувањето е од суштинска важност, изјави Гутереш по средбата со ирачкиот премиер Хајдер ал Абади во Багдад.

По соборувањето на режимот на Садам Хусеин, ирачките сунити често ги обвинуваат шиитите, кои се мнозинство во земјата, за преземање целосна контрола над државните институции, вклучително и Армијата и Уставнит суд, и за потиснување на припадниицте на другите заедници. Од друга страна, Курдите се во спор со Владата во Багдад, во која доминираат арапските шиити, околу контролата врз деловите на Ирак богати со нафта.

Како што јави ТАСС, Гутереш нагласи дека „по уништувањето на терориситчката група ИД“, ОН ќе продолжат да ги поддржуваат ирачките власти во обновата на разурнатите градовите и ќе доставуваат хуманитрарна помош за бегалците од конфликтните зони.

– Ќе помогнеме за надминување на предизвиците со кои ќе се соочи Ирак во обидот за воспоставување стабилност и благосостојба, потенцира Гутереш.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски