Ширум светот се одбележува Денот на Обединетите нации, светска организација формирана пред точно 72 години.
– Мораме да ги надминеме нашите разлики, да ја трансформираме нашата иднина, изјави генералниот секретар Антонио Гутереш во традиционалната порака за Денот на ОН.
– На денот кога Обединетите нации одбележуваат повеќе од седум децении постоење и борба за основните цели – мир и безбедност, случувањата во светот потврдуваат дека тој се соочува со тешки предизвици кои разгоруваат конфликт и нееднаквост.
– Имаме алатки и богатсво за надминување на тие предизвици, се што ни треба е волја. Светските проблеми ја надминуваат границата. Мораме да ги надминеме разликите за да ја трансформираме нашата иднина, изјави Гутереш во видео-пораката по повод Денот на ОН.