Гутереш: Постигнат договор за примирје во Јемен

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изјави дека страните вклучени во конфликтот во Јемен, по еднонеделни преговори, постигнаа договор за примирје во провинцијата Ходеида и за повлекување на војската од спорното пристаниште Ходеида на Црвено Море.

– ОН ќе игра клучна улога во контролата на пристанишниот град низ кој поминува поголемиот дел од хуманитарната помош за Јемен, истакна генералниот секретар на Организацијата.

Тој прецизира дека Договорот вклучува распоредување неутрални сили и создавање хуманитарни коридори.

На завршната церемонија на разговорите во шведскиот град Римбо, Гутереш се заблагодари на делегациите на завојуваните страни за тоа што се определија за ставање крај на конфликтот, како важен чекор и вистински напредок кон идните преговори.

– Ви благодарам што дојдовте тука за да разговараме за подобра иднина за Јемен, рече Гутереш.

Тој додаде дека следниот круг преговори е закажан за јануари 2019 година, кога ќе се дискутира за политичко решение за конфликтот.

– Постигнатиот договор предвидува повлекувањето на силите на Хутите од Ходеида да се изврши во рок од 14 дена, јави телевизијата „Скај њуз Арабија“.

Британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант денеска во Шведска се сретна со претставници на јеменските бунтовници Хути. Тоа е прва таква средба од почетокот на војната во арапската земја, објави Министерството за надворешни работи на Твитер.

За време на разговорите со претставниците на Владата во Јемен и Хутите на маргините од мировните преговори, Хант истакна дека „сите страни треба да продолжат со своите напори во изнаоѓање на политичко решение“.

– Обединетите Арапски Емирати, кои се важна потпора на коалицијата против Хутите, го поздравија договорот за прекин на огнот во Ходеида, напиша на Твитер министерот за надворешни работи Ануар Гаргаш.

Тој додаде дека неговото постигнување се должи на воениот притисок на коалициските сили врз градот под контрола на Хутите.

– Во операцијата се вклучени 5.000 војници, информира министерот Гаргаш.

Би можело да ве интересира

Гутереш: Ако Израел ги прекине врските со УНРВА, ќе мора сам да ги задоволи потребите на бегалците

Гутереш во Казан повика на прекин на огнот во Газа, Украина и Судан

Северна Кореја: Гутереш применува „двојни стандарди“

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен