Гутереш побара од кинеските лидери да дозволат инспекција на ОН за правата на Ујгурите

Од:

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш им порача на кинеските лидери дека очекува да му дозволат на високиот претставник на ОН за човекови права Мишел Бачелет да направи „целосна посета“ на земјата, вклучувајќи ја и провинцијата Синџијан.

Како што е наведено во соопштението на ОН, Гутереш се сретна со претседателот Си Џинпинг и министерот за надворешни работи Ванг Ји.

Бачелет подолго време бара од властите во Пекинг да и дозволат да ги испита извештаите за прекршување на правата на ујгурската муслиманска заедница на терен во регионот Синџијан.

Прашањето ги влоши односите на Кина со Западот, а многу земји наметнаа дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он