Гутереш: Не сум видел толку многу смрт и уништување како во Газа

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави дека ОН понудиле да го надгледуваат можниот прекин на огнот во Газа, додавајќи дека во текот на неговите седум години на функцијата, тој никогаш не видел толку многу смрт и уништување како во Газа.

Тој изјави за АП дека е „нереално“ да се мисли дека ОН може да има каква било улога во Газа во иднина, или да управува со територијата или да испраќа мировници, бидејќи Израел веројатно нема да ја прифати таа улога на ОН.

Сепак, тој рече дека „ОН ќе можат да поддржат каков било прекин на огнот“.

ОН имаат набљудувачка мисија на Блискиот Исток, позната како УНТСО, од 1948 година.

„Се разбира, ќе бидеме подготвени да направиме се што ќе побара меѓународната заедница од нас. Прашањето е дали страните (во конфликтот) ќе го прифатат тоа, и конкретно, дали Израел ќе се согласи“, истакна Гутереш, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа

Гутереш: Украина има легитимна влада

А1он