Генералниот секретар на Обедиенти нации Антониот Гутереш и американскиот претседател Доналд Трамп ја поздравија синоќешната одлука на кралот на Саудиска Арабија, Салман, кој со декрет нареди на жените во земјата да им биде дозволено да возат автомобили.
– Ја поздравувам одлуката на Саудиска Арабија за укинување на забраната за жените да возат автомобили. Важен чекор во вистински правец, напиша Гутереш на неговиот Твитер налог.
Белата куќа сооопшти дека Трамп ја поздравил одлуката на кралот Салман, нарекувајќи ја „вистински чекор“.
Саудиска Арабија е единствена земја во светот, каде на жените им е забрането да возат.
Кралскиот указ предвидува формирање на министерско тело, кое ќе даде препораки во рок од 30 дена, а потоа ќе ја спроведе наредбата до јуни 2018 година.