Гутереш го искористи специјално овластување – бара Советот за безбедност на ОН да побара итен прекин на огнот во Газа

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска употреби ретко користена специјална моќ за да го предупреди Советот за безбедност на претстојната „хуманитарна катастрофа“ во Појасот Газа и ги повика членовите на телото да побараат итен хуманитарен прекин на огнот.

Во писмото до членките на Советот за безбедност на ОН, Гутереш наведува дека хуманитарниот систем на Појасот Газа е во опасност од колапс по двомесечната војна меѓу Израел и палестинскиот Хамас што доведе до „страшно човечко страдање, физичко уништување и колективна траума“, според Асошиетед прес.

Тој се повика на членот 99 од Повелбата на ОН, кој му дозволува на Генералниот секретар да го предочи Советот за безбедност на секое прашање за кое смета дека може да го загрози меѓународниот мир и безбедност.

„Меѓународната заедница има одговорност да го искористи сето свое влијание за да спречи понатамошна ескалација и да стави крај на оваа криза“, рече Гутереш.

Во писмото, Гутереш ги осудува „грозоморните акти на тероризам“ и бруталното убиство на повеќе од 1.200 луѓе во Израел од страна на екстремистите од Хамас на 7 октомври, како и киднапирањето на околу 250 луѓе во нападот со кој започна војната. Тој повика на итно ослободување на повеќе од 130 лица кои се уште се притворени.

Би можело да ве интересира

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа

Тројца Палестинци загинаа во воздушен напад