Гутереш: Целосно нефункционален е системот на ЕУ за азиланти

Од:

Системот на Европската унија за азиланти е целосно нефункционален, изјави високиот комесар за бегалци на ОН, Антонио Гутереш.Тој ја повика Унијата подобро да го коориднира одговорот на приливот на илјадници бегалци кои бегаат од судири на Блискиот исток и од Африка.

Гутереш по состанокот со францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев во Женева рече дека одговорот на ЕУ може да вклучува воспоставување центар за регистрирање на мигрантите во државите во кои пристигнуваат голем број од тие луѓе.

– Такви центри би можеле да разграничуваат бегалци од други луѓе на кои не им е потребна заштита, изјави шефот на УНХЦР алудирајќи на економските мигранти.

– Европскиот систем за азилнати е моментно целосно дисфункционален, изјави Гутереш додавајќи дека секоја држава мора да ги направи својот дел од работата.

Би можело да ве интересира

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ