Гутереш апелира за итно враќање на владеењето на правото во Тиграј

Од:

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш синоќа апелираше за повторно итно воспоствување на владеењето на правото и почитување на човековите права по вооружените судири во северната етиописка провинција Тиграј.

Тој побара да почне процесот на помирување и да се обезбеди пристап за хуманитарните организации и достава на помош за загрозеното население.

Претставникот на ОН, Стефан Диџарик изјави дека генералниот секретар воспоставил „активен дијалог“ со премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед и оти е „многу загрижен поради моменталната ситуација“ воТиграј.

Ахмед на 28 ноември по едномесечните вооружени судири помеѓу етиописката армија и бунтовниците во Тиграј прогласи победа. Во некои делови на Тиграј борбите се уште траат, а лидерите на бунтовниците се во бегство, поради што постои ризик од повторна ескалација на судирите.

Во меѓувреме се блокирани испоракие на хуманитарната помош и лекови, иако ОН минатата недела потпишаа договор со етиописката Влада да им се овзможи пристап до деловите на Тиграј, што се под контрола на армијата на Етиопија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Брод со украинска пченица стигна во Етиопија: „Испраќаме храна, испраќаме надеж

Тедрос: Мали се шансите да се спречи геноцид во Тиграј

Ана Ололовска

Бунтовниците од Тиграј се согласија на мировни разговори со етиопската Влада

Ана Ололовска

ТПЛФ подготвен за мировни преговори со Владата на Етиопија

Ана Ололовска

УНИЦЕФ го осуди етиопскиот воздушен напад врз градинка во бунтовничкиот Тиграј

Пилоти заспале на висина од 11.000 метри, контролата не можела да ги контактира

А1он