Гугл: Руски оперативци трошат илјадници долари на реклами на ЈуТјуб

Од:

Американската корпорација Гугл пронашла докази дека руски оперативци трошат десетици илјади долари на реклами на ЈуТјуб, на мејл сервисите на Гугл и пребарувачот како и на други платформи на интернет, објави „Вашингтон пост“.

Истрагата на Гугл е се уште во рана фаза, наведува „Вашингтон пост“, потенцирајќи дека компанијата е во фаза кога ги одвојуваа рекламите на тролови од оние на руските извори.

Рекламите, најверојатно, не ги уплаќа ентитет кој е поврзан со Кремљ, тврди американскиот весник. „Вашингтон пост“ наведува дека Гугл оценил дека е малку веројатно дека станува збор за ширење на руско влијание на платформите на таа корпорација, но сепак покренаа истрага за тоа.

Портпарол на Гугл денеска изјави дека почната е истрага за злоупотреба на нивни системи. И Твитер и Фејксбук соопштија дека Русија купувала реклами и дека има налози на нивни платформи.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот