Гугл и Фејсбук заеднички ќе се бранат против антимонополските истраги во САД

Од:

Технолошките компании Гугл и Фејсбук подготвиле заедничка одбрана во антимонополските тужби поднесени против нив од редица сојузни држави, но и од сојузни органи како Федералната трговска комисија (ФТЦ).

Според одделна тужба поднесена од десет сојузни држави, а до која дојде Волстрит журнал, се дознава дека двете компании се договориле „да соработуваат и меѓусебно помагаат“ во подготовките на антимонополската истрага.

Во десетте сојузни држави на власт се републиканците со републикански државни обвинители. Тие денеска поднесоа тужба против Гугл за наметнување монопол во онлајн рекламниот бизнис, и ковање заговор со Фејсбук да се истиснат помалите рекламни компании.

Против двата технолошки гиганти досега се поднесени уште две заеднички тужби од речиси сите сојузни држави во САД, и од федералните служби како ФТЦ, одговорни да сузбиваат нелојална конкуренција. Против Фејсбук е отворен посебен случај поради преземањата на Ватсап и Инстаграм.

Фејсбук ги отфрли обвинувањата, и укажа дека двете компании биле купени не за да се наштети на конкуренцијата, туку да се зголемат понудите за избор и привилегии за издавачите и огласувачите.

Од Гугл изјавија дека нема ништо погрешно или ексклузивно во договорот за аукции на реклами со Фејсбук.

-Тврдењата се неточни, ние не манипулираме со аукциите, изјави портпарол на Гугл.

Според договорот, се работи за тоа Фејсбук да добие фиксен процент од рекламни аукции. Внатрешен меморандум на Фејсбук го оценил договорот како „евтин“, во споредба со директната конкуренција.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД