ГС на ОН го повика Израел да ги отвори своите нуклеарни објекти

Од:

Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција, со која го повика Израел итно да се приклучи кон Договорот за неширење на нуклеарно оружје и да ги отвори сите своите нуклеарни објекти за проверка од страна на Меѓународната агенција за атомска енергија.

Резолуцијата беше усвоена со големо мнозинство од 174 гласови „за“ и само шест „против“, додека шест делегати се изјаснија како воздржани.

Во резолуцијата се нагласува дека  Израел е единствената држава од Блискиот Исток, која не е потписничка на овој Договор.

Израел официјално не потврдува, но и не демантира дека поседува нуклеарно оружје. Според експерти земјата располага со околу 200 нуклеарни боеви глави.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници