Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Од:

Централната изборна комисија (ЦИК) во Грузија денеска ги објави конечните резултати од парламентарните избори, според кои владејачката партија Грузиски сон победи со 53,93 отсто од гласовите и доби 89 од 150 мандати во Собранието.

Покрај Грузискиот сон, прагот од пет проценти го поминаа четири опозициски партии.

Коалицијата за промени доби 11,03 отсто од гласовите и 19 мандати, „Единство – Национално движење“ 10,17 отсто од гласовите и 16 мандати, Силна Грузија – 8,81 отсто од гласовите и 14 мандати и Гакарија за Грузија 7,78 гласа и 12 мандати, пренесува грузискиот сајт civil.ge.

Во моментот на седницата на ЦИК пред зградата каде што е сместено телото протестираше опозицијата и нејзините поддржувачи кои не ги признаваат изборните резултати.

Грузискиот претседател Саломе Зурабишвили ги отфрли изборните резултати и побара итна истрага за изборниот фалсификат.

Опозицијата во Грузија го негира легитимитетот на изборите, најавувајќи континуирани протести до распишување нови избори.

Би можело да ве интересира

Захарова: Поради Зурабишвили, Грузија беше на работ на граѓански конфликт

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Илјадници Грузијци протестираа против владата на православниот Бадник

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Отворени се над 6.500 избирачки места на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

Илјадници луѓе протестираат во Грузија пред инаугурацијата на новиот претседател