Групата Абу Саjaф го ликвидира канадскиот заложник грабнат на Филипините

Од:

Канаѓанецот Џон Ридсдел (68) кој безмалку осум месеци помина како заробеник на исламистичката милитантна група Абу Сајаф, на Филипините, е брутално убиен од неговите киднапери, соопштија канадските власти.

Ридсдел беше грабнат од исламистите, во септември минатата година, заедно со уште три други лица, од еден филипински труристички центар.

Веста за ликвидацијата ја потврди и канадскиот премиер Џастин Трудо.
– Станува збор за чин на ладнокрвно убиство, изјави Трудо за канадските медиуми.

Отсечена глава на белец, била најдена на улица на одалечениот остров Џоло, само неколку часови откако истече рокот што милитантите на Абу Сајаф го поставија за исплата на откупнината за грабнатите.

Филипинската армија се уште нема потврдено дека најдената отсечена глава е од телото на Канаѓанецот.

Ридсдел беше грабнат од една марина, блиску до филипинскиот град Давао.Заедно со него беа грабнати и уште еден Канаѓанец, заедно со неговата девојка-Филипинка и еден Норвежанец.

Сите четворица беа однесени 500 километри, на далечниот остров Џоло. Во ноември минатата година, групата Абу Сајаф прикажа снимка од грабнатите и за нивно ослободување побара 80 милиони долари.

Џон Ридседл работел како рударски експерт, а по повлекувањето од таа работа, работел како новинар.

Абу Сајаф е формирана во деведесетите години на 20 век, како филијала на Ал Каеда на Филипините, со цел да се формира исламистичка провинција во оваа азиска островска земја.

Групата сега тврди дека е дел од џихадистите на Исламска држава, како и дека има кај себе уште неколкумина странци заробеници.

Минатиот месец, во судир со припадниците на оваа група, на еден остров во соседството на Џоло, беа убиени 18 филипински војници.

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација