Група републиканци во САД бара ревизија на средствата доделени на Украина

Од:

Некои претставници на Републиканската партија во Претставничкиот дом на Конгресот на САД, побараа финансиска ревизија на средствата што Конгресот ѝ ги додели на Украина од јануари 2021 година. За ова информираше Марџори Тејлор Грин, членка на Долниот дом на Конгресот од Џорџија.

– Поднесувам до Претставничкиот дом нацрт резолуција, со што бараме од претседателот на САД, секретарот за одбрана и државниот секретар, на Претставничкиот дом да му достават релевантни документи во врска со средствата доделени на Украина со одобрување на Конгресот од 20 јануари 2021 до 15 ноември 2022 година, појасни Грин во видео порака, јавија дел од руските медиуми.

Таа додаде дека „бара да се покрене ревизија за секој долар на американските даночни обврзници што во една или друга форма е префрлен во Украина“.

Барањето, покрај Грин, го потпишаа уште десетмина републиканци.

Би можело да ве интересира

Бајден испратила таен извештај до Конгресот за својата стратегија за војната во Украина

Нетанјаху ќе се обрати пред американскиот Конгрес, Израел не се откажува од офанзивата

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Америка изгласа помош за Украина, ова би можело да со смени текот на војната

Катерина Ѓуровски

Лидерите на американскиот Конгрес постигнаа договор за финансирање на владата до март

Ниту по шестиот круг гласање не е избран претседател на американскиот Претставнички дом