Сомалија во моментов се соочува со една од најголемите хуманитарни катастрофи, каде што огромен на огромен број на луѓе им се заканува смрт од глад.
Големата суша која што ја зафати Сомалија предизвика недостиг на храна и вода во оваа и така проблематична држава.
Тешката ситуација во Сомалија е причина за многу добри луѓе да се активираат и да помогнат на тие на кои што им е најпотребно.
Блогерот Жером барајќи начин како може да им помогне на луѓето во Сомалија, открил дека кон таа држава редовни летови има само компанијата Туркиш ерлајнс, по што снимил видео во кое што ги повикал да отстапат еден карго авион за да може да се пренесе хуманитарна помош.
За само неколку часа од објавувањето на ова негово видео тоа добило поддршка од неколку познати личности, вклучувајќи го и глумецот Бен Стилер како и влогерот Кејси Нејстад, кои што ја споделија оваа акција.
Брзо потоа се јавија и од Туркиш ерлајнс кои радо ја прифатија понудата да помогнат на жителите на Сомалија и отстапиле еден авион со можност за пренесување на 60 тони храна и вода сега, како и можнсот за пренесување на хуманитарна помош и на останатите летови кон оваа држава се додека не се среди ситуацијата.
Организаторите на акцијата сега бараат помош да се наполнат тие 60 тони со храна и вода. Отворена е GoFundMe страница за донации, каде што луѓе од целиот свет може да донираат и помогнат кон оваа акција.