Гроси од Сеул: Ќе направам се’ да запре нуклеарната програма на Северна Кореја

Од:

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека агенцијата ќе вложи максимални напори да ја запре нуклеарната програма на Северна Кореја и да го зачува меѓународното непролиферување (неширење) на оружјето, соопшти денеска кабинетот на јужнокорејскиот претседателски.

Гроси изјави дека ја споделува загриженоста на меѓународната заедница за севернокорејското нуклеарно прашање.

Гроси го посети Сеул на покана на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол, со цел агенцијата заедно со Јужна Кореја да одговори на, како што ги нарекува официјален Сеул, „нуклеарните провокации на Северна Кореја“ и да обезбеди денуклеаризација на регионот.

МААЕ нема увид во нуклеарната програма на Северна Кореја откако Пјонгјанг ги протера инспекторите на агенцијата во 2009 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Џонг Ун: Мора да бидеме подготвени да користиме нуклеарно оружје.

Горан Наумовски

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Ким Џонг Ун: Оружјето без идеологија е едноставно железна алатка

Џонг Ун: САД стојат зад сите конфликти и крвопролевања во светот

Горан Наумовски

Северна Кореја и Русија ги здружија силите: Почнува производството на дронови