Најмалку 13 лица беа убиени и 20 повредени од гром крај џамија во североисточниот дел на Бангладеш, соопштија локалните власти.
Жртвите биле удрени од громот кога излегувале од џамијата во селото Силхет синоќа, по молитвата за Рамазан.
Дел од загинатите починале на место, а другите – во болницата.
Меѓу жртвите бил и имамот на џамијата.