Гринпис: Радијацијата од Фукушима може да трае со стотици години

Од:

Нуклеарната катастрофа во Фукушима, што се случи пред речиси пет години, ќе има последици врз животната средина со децении, па дури и со векови, преупреди денеска организацијата за заштита на природата Гринпис, цитирана од ДПА.

– Масивната владина програма за деконтаминација нема да има речиси никаков ефект во намалувањето на еколошката закана од огромното количество радијација од нуклеарната катастрофа во Фукушима, забележа Кендра Улрих, високо позициониран претставник на „Гринпис Јапонија“ во нуклеарната област.

Групата, која одамна организира кампањи против атомската индустрија во Јапонија, во самата централа направила многу истражувања откако на 11 март 2011 година хаваријата во Фукушима предизвика земјотрес и цунами.

Пред парламентарна комисија, Наоми Хиросе,  извршниот директор на ТЕПКО, компанијата оператор на АЕЦ Фукушима, ги отфрли обвиненијата дека имало прикривање информации за тоа колку е сериозна хаваријата во централата. Истовремено, тој не негираше дека дадената информација била неадекватна, забележуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Јапонија: Силен земјотрес ја погоди префектурата Фукушима

Јапонија: Нема промена во нивото на радијација по земјотресот во Фукушима

Силен земјотрес ја погоди Фукушима

Одложено е извлекувањето на нуклеарниот отпад од централата Фукушима

ВИДЕО: Полицијата бркаше активисти на аеродромот во Амстердам, возеа велосипеди и блокираа авиони

ВИДЕО: Активсти на Гринпис прекинаа партиски говор на Лиз Трас