Гринпис од Русија ќе добие три милиони долари отштета

Од:

Невладината организација Гринпис од Русија ќе добие три милиони долари согласно спогодбата меѓу Холандија и Москва, соопшти групата посветена на заштита на животната средина.

Со спогодбата треба да се стави крај на повеќегодишниот правен спор откако руските власти го запленија бродот „Артик санрајз“ на Гринпис, кој пловеше под холандско знаме и уапсија 30 членови од екипажот.

Руски агенти го зазедоа „Артик санрајз“ во меѓународните води откако тие протестираа против нафтените платформи. Уапсените во руски затвор минаа неколку месеци и беа ослободени непосредно пред Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година.

Холандското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека е постигната „целосна и конечна спогодба“, чии детали се доверливи.

Меѓународен арбитражен суд во јули 2017 година и наложи на Русија на Холандија да и исплати над пет милиони евра отштета поради инцидентот во 2013 година, но Москва не ја призна одлуката на судот.

Би можело да ве интересира

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Калас: Русија претставува егзистенцијална закана за безбедноста на ЕУ

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата