Литванската претседателка Далија Грибаускаите, убедливо води на првиот круг од претседателските избори одржан вчера, но ќе има втор круг, соопшти Главната изборна комисија.
Спротивно на очекувањата на аналитичарите, литванската „Железна лејди“ не успеа да го премине прагот од 50 проценти, неопходен за победа. Во последно време таа ја зголеми популарноста со цврстата позиција, која ја зазеде кон дејствијата на Русија во Украина.
Педесет и осумгодишната Грибаускаите, поранешен еврокомесар, освои 46,5 проценти од гласовите при преброени 97 проценти од гласачките ливчиња.
На второ место е кандидатот на водечката партија во владејачката левоцентристичка коалиција европратеникот Зигмантас Балчитис со 13,9 проценти.
Грибаускаите и Балчитис ќе се соочат еден спроти друг на вториот круг на 25 мај.