Распоредување на сили на НАТО во Литванија испраќа силна порака дека Алијансата е силна и обединета, изјави денеска литванската претседателка Далија Грибаускаите, на церемонијата на пречек на германскиот баталјон во градот Рукла, во централниот дел на земјата.
– Никогаш порано Литванија не ги угостила воените сили со ваква големина и интегритет, истакна Грибаускаите.
На церемонијата присуствуваше и министерката за одбрана на Германија, Урсула фон дер Лејен, која изјави дека распоредувањето на тенковите и другите воени опреми јасно ставило на знаење дека Литванија не е сама.
Германската војска минатиот месец почна да испраќа со воз во Литванија 200 воени возила, вклучувајќи 30 тенкови, како и 450 војници.