Грибаускаите: ЕУ нема да потпише спогодба за асоцијација со Украина се додека Тимошенско не биде ослободена

Од:

 Летонската претседателка Далија Грибаускаите денеска изјави дека Европската унија нема да потпише спогодба за асоцијација со Украина, се додека поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко не биде ослободена од затворот, соопшти ИТАР-ТАСС.

Грибаускаите, чија земја е актуелен преседавач со ЕУ, рече дека за да ја потпише спогодбата за асоцијација во текот на ноември, Украина ќе треба да направи важни реформи, вклучувајќи го и решавање на прашањето со Тимошенко, чие лишување од слобода, според Западот, е политички мотивирано.

– Без тоа нема да биде потпишана спогодбата, изјави таа на форумот „Европска стратегија од Јалта“.

Украинскиот претседател Виктор Јанукович изјави дека се обидува да го реши прашањето со Тимошенко, за да ги исполни барањата на европските лидери, но засега не е донесена конкретна одлука.

– Се обидуваме и дури сме подготвени и денес да најдеме начин да го надминеме ова тешко прашање, поврзано со Тимошенко. Во моментов уште не сме кажале ниту „да“, ниту „не“ (што се однесува до нејзиното ослободување), изјави тој.

Јанукович изјави дека засега нема планови за помилување на Тимошенко, додавајќи дека животот ќе продолжи дури и ако Украина не ја потпише спогодбата со ЕУ.

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина