Двајца пратеници во шведскиот парламент ја номинираа младата активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг за Нобелова награда за мир за 2020 година, пренесуваат странските медиуми.
Џенс Холм и Хакан Сванелинг, членови на шведската левичарска партија, велат дека 17-годишната Тунберг „работела напорно за да ги натера политичарите да ги отворат очите во однос на климатските промени“.
Тунберг, која жестоко се бори за животната средина, зборуваше на светската сцена за климатските промени, вклучително и на Генералното собрание на Обединетите нации минатиот септември, на годишниот состанок на ООН за климатски услови и неодамна на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.
Таа и минатата година беше номинирана за Нобелова награда од страна од тројца пратеници од Норвешка, но нивниот предлог не беше усвоен.
Номинациите за годинешната Нобелова награда за мир можеа да бидат доставени до 1 февруари.