Грчки генерал нов шеф на Воениот комитет на ЕУ

Од:

Советот за надворешни работи на Европската унија (ФАК) утринава го назначи грчкиот генерал Михаил Костаракос за нов претседавач на Воениот комитет на ЕУ, јави дописникот на МИА од Брисел.

Неговата улога како претседавач ќе биде да ја води работата на Воениот комитет на Унијата, кој е највисоко воено тело во рамки на Советот на ЕУ.

Генералот Костаракос, роден во Солун, досега ја извршуваше функцијата началникот на Генералштабот на Националната одбрана на Грција чии подредени војници повеќепати досега пееја национал-шовинистички песни за дерење на кожата на Македонците (нарекувајќи ги цигано-скопјани) и на Турците.

Грчкиот генерал ќе има улога и на воен советник на високата претставничка на Унијата за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини. Костаракос, исто така, ќе биде главен човек за контакт на командантите на воените операции и мисиите на Европската унија, во чиј состав учествува и Армијата на Република Македонија.

Началникот на Генералштаб на Националната одбрана на Грција, својата должност во рамки на ЕУ ќе ја преземе на 6 ноември 2015 година и мандатот е предвидено да му трае три години.

На чело на Воениот комитет на Унијата, Костаракос ќе го наследи генерал Патрик де Русие од Франција, кој на оваа позиција е од 6 ноември 2012 година.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен