Грчкиот генерал Михалис Костаракос, началник на Генералштабот на грчките вооружени сили е новиот претседател на Воениот комитет на Европската унија.
Костаракос на оваа функција е избран од началниците на вооружените сили на земјите-членки на ЕУ на вчерашното гласање во Брисел во рамки на состанокот на Воениот комитет на Унијата, пишува грчкиот весник „Етнос“.
Мандатот на новиот претседател на Воениот комитет трае три години, а тој функцијата ќе ја преземе во ноември 2015 година.