Гранатирана Одеса, Русија тврди дека е уништен камп на обука на странски платеници

Од:

Градскките власти на Одеса соопштија дека градот синоќа бил цел на ракетни напади. Информираат дека руските сили ја гранатирале Одеса од Црното Море.

„Како резултат на ракетен напад од морето, беа погодени инфраструктурни објекти во регионот на Одеса. Деталите се разјаснуваат“, напишаа градските власти на Телеграм.

Русија соопшти дека уништила центар за обука на странски платеници во Украина, северно од Одеса. Тврдењето го пренесе руската новинска агенција Тасс.

Одеса е стратешки клучен град. Нејзината окупација ќе им овозможи на Русите територијално да ги поврзат сепаратистичките региони и анектираниот Крим, а Украина ќе остане без пристап до Црното Море. Последиците би се почувствувале на глобално ниво, имајќи предвид дека Одеса е извозно пристаниште низ кое поминува значителен дел од украинскиот извоз на пченица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ