Граната, која била истрелана од Сирија, доцна синоќа паднала во ненаселен реон во округот Килис, во кужниот дел на Турција.
Нема информации за евентуални жртви во инцидентот. Гранатата паднала во полиња со маслинки во реон во близина на сириски бегалски камп. При падот се формирала дупка со длабочина од два метра и широчина од пет метри.
Гранатата е истрелана за време на судирите меѓу сириските бунтовници и владините сили во близина на границата со Турција.