Градските власти побараа жителите на Киев да најдат засолниште од воздушни напади поради нападот од Русија

Од:

Градската управа на Киев издаде предупредување за воздушен напад.

На 2,8 милиони жители на Киев им е кажано да се упатат кон засолништата од воздушни напади доколку е можно, поради руската инвазија на Украина, јави ДПА.

Сирените за воздушен напад претходно денеска пробно се огласија во главниот град. Воената состојба е во сила низ целата земја од 5:30 часот (0230 часот по Гринич) со указ на претседателот Володимир Зеленски, со првичен период од 30 дена.

Сирените се слушаат низ цел Киев, јави Си-Ен-Ен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина