Градот кој е симбол на големиот пораз на Путин: Лиман го слави ослободувањето, Русите побегнаа

Од:

Морничава празнина владее на улиците на Лиман во источна Украина, град кој до неодамна беше под окупација на руските сили. Во неделата немаше знаци на руски војници во областа – неколку оштетени руски тенкови или згмечени руски војници или затвореници.

Припадниците на Националната гарда на Украина од единицата Днипро-1 шетаат по некои улици, но во мал број. Повремено се слушаат истрели од огнено оружје или артилериски удари со што се прекинува тишината. Неколку локални жители возат велосипеди, бараат храна, збунети од она што се случува.

CNN беше меѓу првите медиуми кои го посетија неодамна ослободениот град. Тие пристигнаа во Лиман 30 минути откако украинскиот претседател Володимир Зеленски прогласи победа во градот кој беше целосно исчистен од руските војници.

Портпаролот на украинската војска, замолен да одговори на извештајот на CNN, негираше дека имало руско повлекување пред два дена, велејќи дека борбите во областа продолжиле во саботата.

Би можело да ве интересира

Торецк е под контрола на Русите

Русија врати осум киднапирани деца во Украина

ВИДЕО: Русите уништија еден од најголемите пазари во Европа

ВИДЕО: Експлозија во луксузен комплекс во Москва, ликвидиран регрутер на руската војска

(ВИДЕО) Зеленски: Украина во моментов е најблиску до мир во последниве три години

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем украински напад со беспилотни летала, Русија ги затвори аеродромите

Катерина Ѓуровски