Градот Бритол од пристаништето ја отстрани статуа посветена на Едвард Колстон, трговец со робови од 17 век, која претходно беше урната од страна на демонстрантите против расизмот.
Градското собрание во Бристол објави дека бронзената статуа на Едвард Колстон е обновена рано утрово и дека е пренесена на безбедна локација и дека ќе заврши во музеј.
Колстон се стекнал со големо богатство превезувајќи робови од Африка преку Атлантикот, но најголемиот дел од своите пари ги донирал во добротворни цели.
Неговото име го носат улици и згради во Бристол, кој некогаш бил најголемото пристаниште за трговија со робови во Велика Британија.
После долгогодишна расправа за тоа што треба да се стори со неговата статуа во пристаништето, демонстрантите на движењето „Животите на црнците се важни“ ја демолираа во неделата.