Лудовик Радосављевиќ отпуштен од клубот „Прованс рагби“ поради расистичка изјава

Од:

Лудовик Радосављевиќ, француска полутка во рагби клубот во Прованс Рагби од Екс-ан-Прованс, кој игра во Втората лига Про Д2, е отпуштен по расистичките изјави што самиот призна дека ги дал против играч од Невер, јави дописникот на МИА.

На 3 септември, за време на вториот ден од шампионатот Про Д2 меѓу клубот од Екс и Невер (26-23), поранешниот играч на Клермон и Кастр вербално го нападнал Крис Амбадијанг на крајот од натпреварот.

Без да го именува виновникот, камерунскиот крилен напаѓач потоа на социјалните мрежи тврдеше дека бил третиран како „јадач на банани“. Триесет и двегодишниот Радосављевиќ самиот се откри три дена подоцна, нарекувајќи ги неговите зборови „неприфатливи“.

-Ова не е дел од моите вредности или оние што им ги пренесувам на моите деца, јас останувам човек кој прави грешки и учам од нив, заклучува тој во пораката објавена на својот Инстаграм профил.

Пред овој отказ, Прованс Рагби во соопштението за печатот прецизираше дека „ќе се сретне со својот играч и ќе изрече санкции сразмерни на сериозноста на фактите“. Покрај клупската пресуда, Радосављевиќ на 16 септември беше санкциониран од дисциплинската комисија на Националната рагби лига (ЛНР) со „26 недели суспензија од сите официјални натпревари“.

Би можело да ве интересира

Капитенот на Аталанта му се извини на Кулибали за расистичките навреди од фановите

А1он

Тинејџер доби шест недели затвор за расистичка навреда кон Рашфорд

А1он

Почнува четиридневното сослушување на Кетанџи Браун Џексон за судијка на Врховниот суд на САД

А1он

Бајден: Белите расисти се најголемата терористичка закана за САД

А1он

Фудбалски навивач на ВБА осуден на осум недели затвор за расистичка навреда

А1он

Британскиот премиер Џонсон ги осуди манифестациите на расизам на натпреварот Унгарија – Англија

А1он