Градоначалникот на Лондон за Трамп: Тој е расист, сексист и исламофоб

Од:

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, го нарече претседателот на САД – Доналд Трамп, расист, сексист и исламофоб, објави денес британскиот Скај њуз.

Откако Трамп рече дека Лондон е управуван од ужасен градоначалник и дека Лондон сака да работи според шеријатскиот закон, Кан одговори дека има впечаток дека „живее во главата на Трамп и не плаќа кирија“.

„Мислам дека претседателот Трамп покажа дека е расист, сексист, мизогинист и исламофобичен. Лондон е најголемиот град во светот, побезбеден од големите градови во САД. Со задоволство го пречекуваме рекордниот број американски граѓани кои се преселуваат тука“, рече Кан.

Претседателот на САД, за време на неодамнешното враќање во Вашингтон од Велика Британија, го обвини Кан и за криминалот во Лондон, за кој рече дека е „на својот врв“, и додаде дека градоначалникот е „катастрофа“ за имиграцијата.

Лошиот однос меѓу двајцата, потсетува Скај њуз, датира од 2015 година, кога Трамп, за време на кампањата за претседателските избори во САД, повика на целосна забрана за влез на муслимани во САД.

Би можело да ве интересира

Барселона, Мадрид и Париз се омилените дестинации на европските патници во 2026 година

А1он

Трамп: Веќе нема да испраќаме 4 милијарди долари годишно во Израел

А1он

Нов правен пораз за Трамп пред изборите: Врховниот суд одби да блокира над 20.000 гласови во Калифорнија

Последните анкети пред изборите во САД: Демократите со голема предност во Претставничкиот дом, неизвесна трка за Сенатот

Предраг Петровиќ

Трамп се подготвува за пораз: „Ако тргнат по Маск, ќе го заштитиме“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Најмалку 325 лица се уапсени на пропалестински протест во Лондон