Градоначалникот на Лондон обвинет за „расистичка навреда“ кон Барак Обама

Од:

Градоначалникот на Лондон Борис Џонсон е обвинет денеска дека изрекол „расистички обоени навреди“ кон американскиот претседател Барак Обама, кој отворено се заложи Велика Британија да остане и понатаму членка на ЕУ.

Џонсон, кој е еден од групата конзервативни политичари што агитираат за излегување на Британија од Унијата, во напис во „Сан“ остро го критикува Обама затоа што во неговиот авторски текст, објавен во „Дејли Телеграф“ ја уверува британската јавност дека на земјата ќе и биде најдобро доколку не ја напушти ЕУ.

Во својата реакција, Џонсон кој има амбиции да биде лидер на сега владејачката Конзервативна партија, го обвинува претседателот на САД за „хипокризија“ и тврди дека Обама не ја сака Британија и поради неговото „делумно кениско потекло“ и времето кога Кенија беше британска колонија.

Опозициската Лабуристичка партија го обвини Џонсон, кој сега е и пратеник, за расизам и побара јавно да се откаже од ваквите коментари.

Групата која агитира за останување на Британија во ЕУ, го обвини Џонсон за „очајничко и срамно однесување“ кон Обама, кој е гостин на Велика Британија.

Претставник на оваа група, ги потсетува ториевците, собрани околу градоначалникот на Лондон дека нивниот јазик не ја одразува британската позиција, што тие ја сакаат инсистирајќи дека земјата светски лидер може да биде само надвор од ЕУ.

Осуди за Џонсон изразија и некои пратеници- конзервативци меѓу кои и Николас Сомс внук на поранешниот премиер Винстон Черчил, осудувјќи го за „давање податоци од ракав“ и за обвинувања на Обама, без секаква основа.

Медиумите во Лондон проценуваат дека политичарите кои заговараат напуштање на ЕУ, се повеќе се нервозни и почнуваат јавно да се расправаат со своите неистомисленици.

Таквата ситуација се објаснува со сознанијата дека 20 отсто од гласачите, се уште не се определиле, па се верува дека најновата пресметка, овој пат, со претседателот Обама, открива дека тие се плашат од силината на неговите пораки и аргументи.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство