Градоначалникот на Лондон апелира маските за лице да бидат задолжителни

Од:

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, апелираше до британските власти носењето заштитни маски да се прогласи за задолжително за граѓаните кои се движат низ градот или излегуваат во продавиците или другите затворени простори.

Ова свое барање Кан го образложи со искуствата од цел свет што покажуваат дека маските помагаат во запирањето на ширењето на вирусот.

-Во околностите кога не е можно да се оддржува социјална дистанца, во јавниот превоз или во продавница, на пример, треба да користиме барем медицински прекривки за лицата, како бандан марами, шалови или маски за повеќекратна употреба, изјави Кан за Би-Би-Си.

Во Њујорк , на пример, на жителите им е наредено да носат маски или нешто со што ќе ги заштитат очите и устата во било која ситуација во јавноста, коаг не им е овозможено да бидат оддалечени едни од други на два метра.

Би можело да ве интересира

Трамп мора да бара „дозвола“ од Лондон за да го купи Гренланд

Лондон: Полицијата го истражува случајот на ставање на дрога во пијалаци во зградата на парламентот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Сомнителен автомобил паркиран во трговска област во Лондон – наредена е итна евакуација

А1он

(ВИДЕО) Убиство во Лондон: Со нож е избодено 14-годишно дете, полицијата трага по напаѓачот

Горан Наумовски

Масовно затворање пабови во Англија

А1он

(ВИДЕО) Крвав Божиќ во Лондон, полицијата вели не е тероризам