Градоначалник од Унгарија обеси кукла со ликот на Нетанјаху

Од:

Градоначалникот на Ерпатак во источна Унгарија, својот револт против израелската офанзива во Газа, го изрази со „бесење“ на кукли со ликот на израелските политичари.

Михаљ Золтан Орос, кој што е градоначалник од 2005 година, во изјава за „Асошиејтед прес“ ја објасни својата постапка, велејќи дека „еврејската држава на терор“се обидува да ги уништи Палестинците и дека тој е против напорите на еврејските масони да владеат со светот.

Тој токму поради тоа одлучил да ги обеси куклите со ликовите на израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху и поранешниот претседател Шимон Перес.

Унгарското Министерство за надворешни работи го осуди потегот на Орос, наведувајќи дека искористил невини жртви од војна за да шири пропаганда која поттикнува омраза.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 160 медицински работници од Газа остануваат во израелските затвори

Сијарто: Будимпешта не сака огромно количество оружје во своето соседство

Орбан: Унгарија од самиот почеток беше на страната на мирот

Унгарија е против нова испорака на оружје за Украина

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски