Градоначалничката на Вашингтон бара забрана за сите собири во градот до 25 јануари

Од:

Градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Бaузер, на денешната прес-конференција изјави дека локалната власт бара од федералната влада на САД да ги одземе сите дозволи за различни протести и демонстрации во центарот на главниот град до 25 јануари.

– Го молам секретарот за внатрешни работи (Дејвид Бернхард) да ги одземе сите дозволи за јавни собири во Дистриктот Колумбија и да не издава нови вакви дозволи меѓу 11 и 24 јануари.

Барањето се објаснува со фактот дека централниот булевар Вашингтон и спомениците и парковите лоцирани на него и во близина се под јурисдикција на федералните власти. И инаугурацијата на следниот претседател на САД, Џо Бајден, што е закажана за 20 јануари, ќе се одржи на скалите на Конгресот, што е на таа територија.

Баузер, исто така, истакна дека побарала од федералната влада да има секојдневни брифинзи за безбедносната состојба во Вашингтон пред инаугурацијата на Бајден.

– Го замолив државниот обвинител да му наложи на Федералното биро за истраги да дава дневни брифинзи и проценки на заканите, посочи Баузер.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД