Сепаратистите испровоцираа тензии со еднострано објавената независност, која поголемиот број граѓани не ја сакаат. Тие ги излажаа граѓаните за сопствени интереси, обвини Ада Колау, градоначалничката на Барселона.
Таа го обвини разрешениот каталонски лидер Карлес Пуџдемон дека создал „катастрофа“ и дека се однесувал неодговорно што довело до политичка криза во Шпанија.
Колау е против отцепувањето на Каталонија од Шпанија, но кажа дека поддржува слободен официјален референдум.