Град во Канада привлекува со плацеви за само 10 долари

Од:

Властите во канадскиот град Рестон во намера да ги привлечат семејствата и бизнисот, продаваат плацеви за само 10 долари.

Продажбата на земјиштето во провинцијата Манитоб, во близина на Северна Дакота во САД, започна во 2010 година. На 11 од 14 плацеви никнаа нови куќи, што е еден од условите на продажбата.

Локалната самоуправа одлучи да ја повтори истата понуда. Во малиот град со 550 жители, по иста цена се нудат уште десет парцели.

„Интерес пријавија Канаѓани и Американци“, рече Танис Челмерс, службеничка во областа Пипестон, под чија управа спаѓа Рестон.

Приходите на жителите на оваа област која лежи на централната градска железница Пацифик рејвеј, зависат од нафтената индустрија и од земјоделството.

Понудата функционира на следниов начин-заинтересираните за земјиштето плаќаат залог од илјада долари.

Од тој момент тече рокот од 90 дена да градат на парцелите, а за една година објектот мора да биде изграден. Во моментот кога инспекцијата ќе утврди дека куќата е изградена, Рестон на новиот жител му враќа 990 долари.

Би можело да ве интересира

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Трудо поднесе оставка

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Трамп: Многу Канаѓани сакаат нивната земја да стане 51-ва американска држава

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски