Готвач во Пакистан отрул 22 лица поради избори

Од:

Пакистанската полиција уапси еден готвач во централниот дел на земјата, обвинет за труење на 22 лица поради резултатите од локалните избори и политичките несогласувања.

Полицискиот командант Садил Догар изјави синоќа дека случајот со труење во градот Малиса во покраината Пенџаб е резултат не неодамнешните локални избори на кои Арсал Кан Кичи загубил од роднината Џеханзеб Кан Кичи.

Арсал му платил 50 илјади рупии (500 долари) на готвачот Мохамед Рафик за да ја затруе храната на 9 јуни во куќата на неговиот ривал. Речиси 50 лица се префрлени во болница поради труење, од кои 22 починале.

Догар додаде дека победникот на изборите Џеханзеб не бил во домот, кога се случил инцидетот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица