Гордон Браун: Британија без ЕУ ќе стане европска Северна Кореја

Од:

Доколку ја напушти Европската унија и остане без пријатели и влијание, Обединетото Кралство ќе стане европска Северна Кореја, смета некогашниот британски премиер Гордон Браун.

Браун истакна дека Британија е на пат во следните десет години од Германија да ја преземе титулата најмоќна европска економија, но излегувањето од ЕУ ќе го загрози тоа.

– Актуелниот став на премиерот Дејвид Камерон кон унијата, кој најдобро може да се опише како „со една нога внатре, до другата надвор“, веќе го ослаби меѓународното влијание на Британија по прашања како што се украинската криза – предупреди Браун.

Поранешниот премиер во написот објавен во весникот „Гардијан“ наведува дека мора да се каже вистината за три милиони работни места, 25.000 компании, годишниот извоз од 200 милијарди фунти и 450 милијарди фунти влогови кои се поврзани со Европа.

– Исто така, мораме да кажеме дека хонгконшката опција – „напуштање на Европа за да му се придружиме на светот“ – всушност, е севернокорејска опција и претставува изложеност на тешки услови за живот со малку пријатели, без никакво влијание и уште помало вложување – смета Браун, додавајќи дека до крајот на 2017 година ќе организира референдум за останување на Британија во ЕУ доколку неговата Конзервативна партија победи на изборите, закажани за 7 мај.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство