Гончаренко: Зеленски го лаже Западот за корупцијата во Украина

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски не е искрен кога јавно зборува за борбата против корупцијата во неговата земја, тврди пратеникот на Врховната рада Олексиј Гончаренко.

Тој на својот Телеграм канал изјави дека украинскиот лидер „погрешно ги претставувал работите“ во интервју за американскиот телевизиски канал „Фокс њуз“.

„Владимир Александрович апсолутно лаже на „Фокс“. Не се ли неговата партија, пред неколку месеци, по директна наредба, се обиде да ја уништи независноста на Националното биро за борба против корупција на Украина и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата?“, рече пратеникот.

Гончаренко оцени дека е особено цинично што Зеленски денес се претставува како бранител на независноста на антикорупциските институции, иако, како што потсети, токму неговата влада се обиде да ги намали нивните овластувања.

Зеленски во интервју за „Фокс њуз“ еден ден претходно изјави дека е „главен борец против корупцијата во Украина“, додавајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп наводно ја отфрла идејата за каква било територијална размена меѓу Русија и Украина.

Украинскиот лидер, меѓу другото, нагласи дека Трамп би можел да влијае и на промена на ставот на кинескиот претседател Си Џинпинг за украинското прашање.

Би можело да ве интересира

САД ја притискаат Украина да постигне мировен договор со Русија до јануари: Киев стравува од големи отстапки

Предраг Петровиќ

Во руски напад врз Криви Рих загина медицинска сестра – 20 луѓе се ранети

А1он

1.144 деца загинаа или се повредени годинава во Украина

А1он

Париз би можел да ја промени политиката кон Москва и Киев по претседателските избори

Русија изврши масовен напад врз Киев и неколку украински региони, оштетени се три моста

Горан Наумовски

Зеленски: Постои огромна шанса за мир доколку САД навистина извршат притисок врз Путин