Новата генерација на Volkswagen Golf караван ќе излезе на пазарот во октомври 2013 година.
ќе има багажник со волумен 505 литри. Верзијата на Golf VII, која излезе на пазарот во почетокот на ноември оваа година, располага со 380 литри.
Возилото ќе се нуди со истата линија мотори, на кои се потпира и хечбекот. Тоа значи дека клиентот ќе може да избира меѓу седум бензински и дизелски агрегати. Бензинските мотори се три, со зафатнина 1.2 литри (105 КЅ), 1.4 (122 КЅ) и 1.4 (140 КЅ). Што се однесува до дизелските, тие се од семејството TDI со 90, 110, 150 и 180 КЅ. Се тврди дека ќе има и помоќна верзија, но засега тоа се само гласини. Оваа модификација ќе добие и ознаката R во своето име и ќе му конкурира на пазарот на Ford Focus ST Estate.