Големо парче мраз се распадна на Гренланд

Од:

Големо парче мраз се одвои од најголемото ледено подрачје на Арктикот, на североистокот на Гренланд.

Скршениот дел опфаќа околу 110 квадратни километри, а сателитските снимки покажуваат дека се распаднал на многу мали парчиња, пренесува Би-Би-Си.

Ледените плочи се топат и се распаѓаат со застрашувачка брзина, а климатолозите предупредуваат дека тоа ќе предизвика катастрофално покачување на нивото на морето со текот на времето.

Во едно неодамнешно истражување, научниците предвидуваат дека Гренланд и Антарктикот ќе станат дел од најлошото климатско сценарио, ако ледените слоеви продолжат да се топат со ова темпо, поради што крајбрежните заедници со милиони жители ќе бидат најзагрозени.

Во студија објавена во научното списание „Nature Climate Change”, научниците споредија сателитски слики на топење мраз користејќи податоци од климатски модел објавени во извештајот на Меѓувладиниот панел за климатски промени во 2015 година.

– Атмосферата во овој регион од 1980 година се загрева за околу 3 степени. И во 2019 и 2020 година беа забележани рекордни летни температури, рече научникот Џени Тартон.

Авторите на студијата откриле дека во Гренланд и Антарктикот се стопиле 6,4 милијарди тони мраз во периодот од 1990 до 2017 година, што предизвика светското ниво на морето да се искачи за 1,8 сантиметри.

Стапката на топење на мразот не остана постојана, таа забрзуваше во последните неколку години, а она што е особено загрижувачко е што само помеѓу 2007 и 2017 година, нивото на морето се искачи за 1,2 сантиметри.

Би можело да ве интересира

Трамп повторно повика на разговори за можноста САД да го купат Гренланд

Натпревар на суперсили во Гренланд – Минералното богатство го направи островот геополитичко бојно поле

Данска се извини за „нехуман“ експеримент врз деца од Гренланд

А1он

Покривката на Гренланд загуби 4.700 милијарди тони мраз

Ана Ололовска

Првпат заврна дожд на Гренланд на надморска височина од 2.600 метри

Ана Ололовска

Гренланд ги забрани нафтените истражувања

Ана Ололовска