Големо мнозинство индустриски менаџери сакаат Велика Британија да остане во ЕУ

Од:

 Големо мнозинство од менаџерите во индустријата, сакаат Велика Британија да остане членка на Европската Унија, покажува истражувањето на „Фајненшл тајмс“.

Дури 87 отсто од „индустриските лидери“ веруваат дека за британската индустрија е многу подобро земјата да остане во Унијата.

Дел од нив, сепак, признаваат дека не би ги веселеле поблиските и поцврсти политички врски на Британија со Унијата, па наместо тоа тие повеќе би сакале враќање на членството во една чисто економска заедница.

Анкетата доаѓа по изјавата на премиерот Дејвид Камерон дека најдобриот одговор за Британија е таа да остане во Унијата, како и дека напуштањето на ЕУ не е вистинското решение.

Повторното признание на Камерон дека тој е за тоа Британија да биде дел од, како што вели, реформираната ЕУ, предизвика револт меѓу евроскептиците од неговата Конзервативна партија.

Евроскептичниот „Дејли Експрес“ кој често настапува од антиевропски позиции, тврди дека Камерон само потврдил дека „одамна се има определено“ за тоа земјата да остане , а не да си замине од Унијата.

Весникот сега прашува колкумина од владините министри стојат зад ваквата позиција на премиерот, а колкумина се противат.

Проториевскиот „Дејли Телеграф“ забележува дека разногласијата во владата околу референдумот за излегување, или заостанување во Унијата, што не се сокриваат, може да се расчистат доколку Камерон успее да се спогоди со другите земји членки околу британските барања.

Тогаш сите во владата ќе мора да прифатат тоа што ќе се добие, затоа што сега целата влада стои зад реформите кои ги бара Камерон од ЕУ, констстира овој весник, порачувајќи дека нов договор околу мигрантите од Унијата, што е клучна точка во проговарањато меѓу Лондон и Брисел, беше покренато токму од ториевските евроскептици.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство