Големи делови од Киев без струја и вода, луѓето чекаат во редици пред фонтаната

Од:

Големи делови од Киев се без струја и вода по серијата руски ракетни напади врз клучната енергетска инфраструктура. Началникот на украинската војска, Валериј Залужни, на Телеграм изјави дека Русија истрелала 55 ракети кон „цивилни цели“ низ целата земја. Нападот се случи само неколку дена откако Русија ја обвини Украина за напади со беспилотни летала врз нејзината црноморската флота.

Советникот на Зеленски, Олексиј Арестович, го нарече ракетниот напад „едно од најмасовните гранатирања на територијата на Украина од страна на Руската Федерација“. Но, тој додаде дека благодарение на противвоздушната одбрана, штетата не била толку критична како што можеше да биде.

Иако војската соопшти дека многу од ракетите биле соборени, премиерот Денис Шмигал рече дека нападите сè уште предизвикале прекин на електричната енергија во „стотици“ области во седум украински региони.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека 40 отсто од жителите на градот останале без вода, додека 270.000 домови се без струја. Во западниот дел на Киев, новинар на АФП видел повеќе од 100 луѓе со празни пластични шишиња кои чекаат да добијат вода од фонтаната во паркот.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на Твитер напиша: „Наместо да се бори на бојното поле, Русија се бори против цивилите“.

Оштетената украинска енергетска инфраструктура ќе се санира со опрема од 12 земји, се вели во посебна изјава на Кулеба. Руската војска потврди дека извршила напади со крстосувачки ракети и рече дека сите ги погодиле целите.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски