Голема реорганизација на ЦИА

Од:

Американската централна разузнавачка агенција ЦИА почнува една од најголемите реорганизации во историјата со цел повеќе да се фокусира на информатичките операции, а дигиталните иновации да ги искористи за собирање податоци, соопшти директорот на ЦИА Џон Бренан.

Тој во презентацијата пред новинарите изјави дека се основаат нови единици, наречени „центри за мисии“, кои би требале да стават фокус на конкретни предизвици или географски подрачја, како што е распространувањето оружје во Африка.

На информатички план ќе се основа „Управа за дигитални иновации“, која ќе ги предводи напорите за агенцијата повеќе да ги искористи предностите на информатичката технологија.

– Има се повеќе предизвици за нашата способност да ја извршиме задачата на заштита на националната безбедност во дигиталниот свет, изјави Бренан.

– Она што како агенција мораме да го направиме е да ги сфатиме сите аспекти на дигиталното опкружување, појасни тој.

Основана во 1947 година, ЦИА се состои од четири главни управи. Дветте, Управа за наука и технологија и Управата за поддршка – ќе ги задржат своите имиња, а Управата за разузнавачка работа ќе биде преименувана во Управа за анализа.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски