Голема евакуација во Оснабрик, копајќи темели за нова зграда пронајдени се бомби од Втората светска војна

Од:

Главната железничка станица во северозападниот германски град Оснабрик е затворена, а околината е евакуирана откако беа пронајдени четири бомби за кои постои сомневање дека потекнуваат од Втората светска војна, соопшти националната железничка компанија Дојче Бан (ДБ).

Ограничувањата што го засегаат меѓуградскиот, дневниот и товарниот сообраќај ќе останат во сила цел ден, а целата област околу станицата е зона за евакуација, соопшти ДБ. Околу 15.400 жители мораа да ги евакуираат своите домови, откако се открија сомнителни бомби на поранешната товарна станица, соопштија градските власти.

Доколку се утврди дека бомбите се неексплодирани, ќе бидат повикани експерти да ги деактивираат. Градот, кој се наоѓа на околу 70 километри источно од холандската граница, веќе има неколку евакуации откако беа пронајдени бомбите од Втората светска војна.

„Железничката станица беше масовно бомбардиран за време на војната како стратешка цел“, објавија градските власти.

На местото на поранешната товарна станица се гради нов станбен простор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар уништи дискотека во Германија, 750 посетители успеаја да избегаат

Германија ја повлекува поддршката за Израел во случајот за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата

Пристигна авионот од Дубаи со првата група евакуирани македонски државјани

А1он

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

Евакуирани се македонски државјани од Израел – попладнево полетаа од Шарм ел-Шеик кон Скопје

А1он