Голема експлозија во окупираниот Мелитопол

Од:

Руската новинска агенција РИА јавува дека силна експлозија одекнала во Мелитопол, украински град во областа Запорожје, кој моментално е под руска окупација.

„Утринава околу 7 часот и 40 минути во центарот на градот се слушна силна експлозија. Прозорците и ѕидовите на куќите се тресеа, а центарот на градот е полн со црн чад“, изјави Владимир Рогов, член на новиот проруски совет назначен од руската армија.

Извор на РИА тврди дека автомобил експлодирал во близина на градското собрание. Русите сугерираат дека зад експлозијата стојат украински саботери.

„Режимот Зеленски мрази мирен живот во Мелитопол и другите ослободени територии. Демилитаризацијата и денацификацијата мора да се извршат до крај на целата постукраинска територија“, напиша Рогов на Телеграм.

Информациите за експлозијата не се независно потврдени.

Би можело да ве интересира

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Русите ја зазедоа Михаиловка

(ВИДЕО) Зеленски: Голема битка за Курск, ситуацијата во Доњецк и Запорожје е тешка

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Украинците погодија складиште за нафта во самопрогласената Луганска република

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија жестоко ја нападна Одеса, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем напад на Русија, пожар во магацин за дронови „Шахед“

Катерина Ѓуровски